Од самото основање во 1925 година, групацијата Маркарт стана еден од водечките светски експерти за мехатроника. Денес, Маркарт како независна семејна компанија вработува повеќе од 11.000 вработени на 20 глобални локации.
Главен производ во портфолиото на Маркарт се електронски компоненти за автомобилската индустрија. Реткиот склоп на трите сегменти: Производство на пластични делови, Електроника и Финално склопување, овозможува користење на најсофистицирана опрема и технологија на производство. Маркарт континуирано ја развива и унапредува иднината на мехатрониката, електро-мобилноста и дигиталното вмрежување. Нивната мисија е креирање на иднината преку иновативност и квалитет и одржување на врвна ефикасност во сите аспекти од бизнисот.
Токму затоа Маркарт е во потрага по високо квалификувани и посветени вработени на виртуелниот саем за вработување - denovizavrabotuvanje.mk
На штандот освен информации за компанијата може да најдете и галерија, како и активни огласи за вработување.
Aплицирајте!