Boxmark Leather d.o.o. е успешна мултинационална компанија со седиште во Хрватска, која своите производи ги пласира на странскиот пазар. Важи за еден од водечките светски производители на кожни автомобилски седишта.
За потребите на своите погони во република Хрватска имаат потреба од:
ШИВАЧИ (м/ж) - 50 КАНДИДАТИ
Опис на работата: Работа на индустриски машини за шиење на кожни навлаки за внатрешност на автомобили
Образование: Завршено основно училиште и курс за шиење или завршено средно училиште (текстилна или кожарска струка)
Работно искуство: Пожелно е работно искуство во индустријата за шиење од најмалку една година
Број на работници: 50
Место на работа: Трновец Бартоловечки или Златар Бистрица, Република Хрватска
Вид на работен однос: Договор на определено време (една година) со можност за продолжување. Предвиден е пробен период од шест месеци.
Други услови за работа:
- Работникот е осигуран од здравствено и пензиско осигурување уште од почетокот на својата работа и прима плата во опсег од 430 до 650 € (нето) во зависност од видот на работата што ќе ја извршува и должината на работниот стаж што го има. Успешните вработени имаат можност за напредок на позицијата Контролор и Тим лидер.
- Работникот исто така може да има право на бонуси во текот на годината ако ги исполнува условите утврдени од Управниот одбор за вкупно 350 € (нето). Двапати годишно, работниците можат да заработат дополнителни премии за успешност во работата до најмногу 240 € (бруто). Сите работници исто така имаат дополнителни поволности при купување во различни продавници.
- Работата е организирана во една смена, од 6:00 до 14:00 часот.
- Сите работни места се опремени со најсовремени машини, користејќи најсовремени технологии, сите работни простори се уредени според највисоките стандарди во индустријата, се со цел производство на супериорни производи и создавање мотивирачко и продуктивно работно опкружување.