Уште од деца сигурно многупати сте слушнале дека не е добро да си легнувате на спиење додека косата уште ви е мокра. Но, дали сте се запрашале зошто е тоа така?
Некои би рекле дека тоа е затоа што влажноста ја лади главата и може да предизвика главоболки следниот ден. Ова, секако, е издржано.
Но, од друга страна, мократа коса е слаба и нежна. Ако си легнете со коса завиткана во крпа или со мокра коса директно на перница, во текот на ноќта додека да се исуши, ризикувате да ја истегнете, а со тоа да ја направите и кршлива и тенка.
Секако, штетите нема да се видат по првото спиење со мокра коса, но не дозволувајте тоа да ви стане навика.