Секое утро имате мака да станете од кревет? Се “провлекувате“ низ дневните состаноци и се помалку и помалку се снаоѓате во лудата канцелариска атмосфера? Тое се некои од знаците кои покажуваат дека е време да го промените своето работно место.
Освен за изборот на нашата професија, секој од нас самостојно одлучува и за местото каде што сака да работи. Во теорија работите се едноставни: постојат добри и лоши работни места.
Но, праксата е многу поинаква бидејќи секое работно место има свои добри и помалку добри страни. Ваше е да ги идентификувате и да направите анализа дали тие одговараат на вашиот карактер. А доколку одговорот е негативен, време е да побарате нова работа.
За таа цел, со вас споделуваме неколку знаци кои јасно покажуваат дека е време да дадете отказ и да ја промените работата:
Намалување на работниот учинок
Можеби сте врвен работник, но во последно време ви се случува нешто чудно и вашата активност се сведува на минимум. Наместо да ја искористите секоја минута, вие постојано гледате во часовниот чекајќи да заврши работното време и да си одите дома.
Кога ќе дојдете до таа фаза, работата што порано сте ја работеле со елан, сега ја работите со сила. Знајте дека природно е понекогаш да губите мотивација, но доколку тоа се случува цело време, време е да барате нова работа.
Непостоење на напредок
Ако се чувствувате како секој ден да го туркате Сизиф по угорница, без нималку напредок во кариерата и никакви можности за учење, тоа е сериозен знак дека треба да ја промените компанијата. Според некои студии се проценува дека скоро 60 проценти од вработените се откажале од својата работа поради непостоење на никакви изгледи за напредок во кариерата.
Горите, а вашата работа и напор не се ценети
Едно неодамнешно истражување спроведено во Австралија откри дека во просек работниците имаат 312 часа неплатена прекувремена работа годишно, што е шест часа неделно. Запомнете дека секогаш мора да се ставите себеси на прво место. Да се жртвува сопственото ментално здравје не вреди.
Согорувањето често се јавува заради токсична работна околина. Па така доколку работите со шеф кој ја омаловажува вашата работа и напор или сте дел од компанија со несоодветна корпоративна култура, уште денес започнете да размислувате за нова работа.
Губите самодоверба
Многу професионалци ја потценуваат важноста на усогласувањето на личните вредности со вредностте на компанијата. Запомнете дека не можете да го промените тоа што сте и работата во компанија со корпоративни вредности спротивни на вашите лични ставови ќе доведе до негативни ефекти на долг рок.
Цинизам
Последна добра причина за да си заминете е кога ќе станете цинични и негативни со колегите и новите идеи. Кога ќе започнете да ја губите довербата во колективот со кој работите, тогаш е време да ги спакувате своите работи и да си заминете.