Во Калифорнија ќе се отвори Нутела Хотел и оваа вест израдува многу љубители на популарниот крем од лешник. Во јануари 2020 италијанскиот бренд ќе отвори поп-ап, односно привремен хотел во долината Напа во САД.
Хотелот ќе нуди сместување за две ноќи и три дена. За појадок, се разбира, ќе се служат оброци направени со „нутела“. Hotella Nutella, како што е наречен хотелот, ќе биде сместен на приватен имот. Објектот е сè уште во изградба и засега на јавноста ѝ се достапни само неколку 3D слики, на кои се гледа како би изгледал.
За оние кои сакаат да отседнуваат во хотелот, ќе треба да се пријават во натпреварот. За пријавување, учесниците треба да испратат видео од една минута, во кое на креативен начин ќе ја покажат нивната љубов кон „нутела“ . Можат да учествуваат само жители на САД.