Aко сте гадливи или многу водите сметка за чистотата на својата околина, тогаш подобро да не ги знаете податоците кои следуваат
Во канцеларијата каде што поминувате поголем дел од денот се наоѓаат легла на бактерии и вируси и останати микроорганизми кои шират зарази. Ги има насекаде и тоа во прилично голем број.
Тастатурата на себе има 70% повеќе бактерии отколку даската на веце школката. Канцелариските телефони може да „угостат“ и 1.000 микроби на квадратен милиметар. Бироата, пак, се дури 400 пати повалкани од даската на веце школката. Делот од бирото на кој ги потпираме рацете на себе има околу 10.00 бактерии. Дури 75% од чешмите во канцелариските тоалети се сериозни преносители на зарази. Вирусот на грип, на пример, може да живее до 18 часа на тврда површина, а секој ден се размножува, па наредниот ден го има 31% повеќе доколку површината не се дезинфицира.
Иако знаат дека со доаѓањето на работа болни ја шират болеста, 52% од вработените се чувствуваат лошо кога се јавуваат да кажат дека поради болест ќе изостанат од работа. Вработените знаат дека се заразни кога болни доаѓаат на работа, но 78% од вработените редовно ги мијат рацете за да спречат ширење на болести, а само 30% од нив ги чистат своите бироа, телефони и тастатури за да ги уништат микроорганизмите.
Што треба да правиме?
– редовно да ги миеме рацете
– редовно да ги дезинфицираме биората, тастатурите, глувците, телефоните
– носете со себе гел за дезинфекција на рацете
– после јадење или после престојот во кујна редовно дезинфицирајте ги рацете
– после користење на тоалетот задолжително дезинфицирајте ги рацете
– останете дома ако не се чувствувате добро
– користете проверени средства за дезинфекција
– избегнувајте да јадете на биро
– избегнувајте ракување кога не е неопходно
– избегнувајте состаноци на кои ќе има болни луѓе
– ако можете, не користете туѓи телефони