Едно четиричлено семејство ќе може да оствари приход до 28.800 денари на годишно ниво.
Банкарските сметки на стотици илјади македонски граѓани ќе бидат зајакнати со финансиски средства од проектот МОЈ ДДВ, во период од 1-15 декември 2019 година, кога повеќе милиони евра како поврат на 15 отсто од платениот ДДВ остварен во месеците јули, август и септември, ќе се вратат кај обичниот граѓанин.
Мерката мој ДДВ е мерка која што за прв пат враќа пари кај граѓаните, помага во сузбивањето на сивата економија и и помага на Управата за јавни приходи да се справи со сите што сакаат да направат даночно затајување.
Според официјалните податоци досега МОЈ ДДВ има над 175 илјади корисници од воведувањето на мерката на 1 јули оваа година, а првата исплата на парите за првите три месеци ќе бидат на сметките во декември, кога 3,5 милиони евра ќе се слеат директно во џебот на граѓаните.
По исплатата во декември, ќе следува исплата во текот на месец февруари за месеците октомври, ноември и декември, во април за месеците јануари, февруари и март, во август за месеците април, мај и јуни и во ноември за месеците јули, август и септември.
Според проектот МОЈ ДДВ секое лице кое што има важечка лична карта и над 15 години, може да скенира фискални сметки преку дадените апликации.
Едно четиричлено семејство ќе може да оствари приход до 28.800 денари на годишно ниво.
Оваа мерка влијае врз економијата, со оглед дека фирмите издаваат за 10 проценти повеќе фискални сметки, а со тоа државата прокнижува дополнителен данок.
Во наредниот период Управата за јавни приходи ќе излезе со целосна анализа и податоци за мерката „МојДДВ“ преку којашто ќе се видат придобивките и во однос на намалувањето на сивата економија.