Како што се наближува крајот на 2019, позади нас оставаме една деценија на значителни дисрупции и смело се движиме кон нова која се очекува да донесе уште поголеми нарушувања на сите пазари, вклучувајќи го и пазарот на трудот. За да се подготвите навреме, ви откриваме 10 професионални вештини кои порталот Human Resources Online ги издвои како најважни за 2020 година.
1. ПОДАТОЧНА ПИСМЕНОСТ
Податоците брзо стануваат највредното средство на секоја компанија - гориво што го движи бизнисот. Организациите кои не го користат тоа гориво за да ги зголемат шансите за успех ќе бидат во понеповолна положба во однос на своите конкуренти. За да ја искористат моќта на овие податоци, компаниите ќе мора да ангажираат кандидати кои имаат силни вештини за анализирање и искористување на целокупниот нивен потенцијал.
2. КРИТИЧКО РАЗМИСЛУВАЊЕ
На современото работно место не постои недостаток од информации, туку мноштво од корисни и бескорисни сигнали. Токму затоа, само тие што можат да направат разлика помеѓу веродостојни информации и дезинформации – како што се лажните вести и пропагандата – ќе бидат клучни за успехот на компанијата.
3. ТЕХНИЧКА ПОТКОВАНОСТ
Техничките вештини ќе бидат многу значајни без разлика на индустријата во која работите. Вештачката интелигенција, Интернет на нештата, виртуелната реалност, роботиката и многу други работи ќе станат дел од секојдневното искуство на вработените. Свесноста за нив – како и можноста за нивно аплицирање – ќе направат овие технологии и техничките вештини за нивно управување да станат неопходни за секоја работа, од фризер до сметководител, од работник во фабрика до адвокат.
4. АДАПТАБИЛНОСТ И ФЛЕКСИБИЛНОСТ
Од суштинска важност е да се сфати дека тоа што функционирало до вчера можеби не е најдобра стратегија за утре, па затоа подготвеноста за напуштање на комфорната зона и стекнување на нови знаења и вештини е клучна. Луѓето мора да бидат когнитивно флексибилни кон новите идеи и начини на завршување на работите.
5. КРЕАТИВНОСТ
И покрај зголемената улога на податоците и вештачката интелигенција, сѐ уште од луѓето ќе се бара да бидат креативни. Круцијално за секоја компанија е да има вработено луѓе кои благодарение на својата иновативност и имагинарност ќе успеат да развијат подобар производ. Современото работно место бара нови начини на размислување, а човековата креативност е клучна за тоа.
6. ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА
Ова е уште една вештина каде луѓето се супериорни во однос на машините. Тоа се нашите способности да бидеме свесни, да контролираме, да ги искажување своите емоции и да ги разбереме емоциите на другите. Емоционалната интелигенција ќе остане да биде суштинска во светот на бизнисот се додека работната сила е сочинета од луѓе бидејќи има влијание врз секоја интеракција што ја имаме едни со други.
7. КУЛТУРНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА И ДИВЕРЗИТЕТ
Компаниите стануваат се повеќе разнолични, а вработените треба да ги почитуваат различностите и да можат да работат со луѓе од различна раса, религија, возраст, пол или сексуална ориентација. Вработените со сериозна културна интелигенција се од витално значење за развој на поинклузивно и поцврсто деловно опкружување во рамките на организацијата.
8. ЛИДЕРСТВО
Лидерските вештини ќе бидат многу важни не само за оние на врвот на традиционалната корпоративна хиерархија, туку и за вработените од пониските нивоа во организацијата од кои се очекува да го прифатат современиот начин на работење. Способноста да ги инспирирате и да го извлечете најдоброто од вашите колеги во рамките на разновидното и брзо деловно опкружување е невозможно без силни лидерски способности.
9. ПРОЦЕНКА И ОДЛУЧУВАЊЕ
Поединците кои се способни да извлечат информации од добиените податоци притоа земајќи го предвид влијанието на потенцијалните одлуките врз пошироката заедница, вклучувајќи ги и ефектите врз човековите чувства како што е моралот, се важни членови на секој тим. Тоа значи дека понекогаш дури и кога податоците поддржуваат еден курс на дејствување, потребно е да размислиме како таа одлука би можела да влијае на другите области во организацијата, вклучително и нејзините луѓе.
10. КОЛАБОРАЦИЈА
Кога организациите бараат поединци кои ќе напредуваат во современото работно опкружување, вештините кои се уникатно човечки, како што се соработката и силните интерперсонални способности, секако дека ќе бидат високо ценети. Секоја компанија сака да има вработени кои добро функционираат како тим, а тоа е возможно само со јасна и правилна комуникација.