Управата за јавни приходи најави дека исплатата за првото тромесечје ќе се изврши месецов. Граѓаните кои учествуваат во овој проект и скенираат сметки од неодамна имаат можност за увид во износот за поврат на 15 отсто од ДДВ, односно можат да проверат колку поврат на данок можат да очекуваат на денот на исплатата.
Вашиот статус за поврат на данок може да го проверите на официјалната веб – страница https://mojddv.ujp.gov.mk/.
Управата за јавни приходи ги повикува граѓаните кои ја користат апликацијата МојДДВ, да извршат проверка на внесените податоци за трансакциска сметка или доколку не е внесена истата да ја внесат во апликацијата МојДДВ за да им се изврши враќањето на данокот.