Износот на К-15 треба да се исплати до крајот на месецов, а истиот се пресметува како 40% од износот на просечната нето плата во последните три месеци.
Најмалку 10.088 денари треба да легнат на сметките на вработените во приватниот сектор по основ на регрес за годишен одмор.
Износот на К-15 треба да се исплати до крајот на месецов, а истиот се пресметува како 40% од износот на просечната нето плата во последните три месеци.
Право на регрес има секој вработен кој работи подолго од 6 месеци кај истиот работодавач, а ако газдата не му исплати или побара да му се вратат парите назад – ќе биде казнет со 4.000 евра, но и со казна затвор до една година.
Во кој случај го губите правото на К-15?
Исплата на К-15 не треба да очекувате доколку е исполнет еден од следните услови:
1. Вработени сте во некоја јавна институција, односно во јавниот сектор. Вработените во јавниот сектор се уште немаат право на К-15 бидејќи тоа не е пропишано со нивниот Колективен договор.
2. Имате стаж во компанија кој не е подолг од шест месеци со што автоматски не ви следува исплата на регрес за годишен одмор бидејќи К-15 им се исплаќа само на вработени кои се пријавени кај ист работодавач најмалку шест месеци.
3. Доколку работите кај еден ист работодавач подолг временски период од шест месеци, но имате прекин во работен стаж.