Кранфилд Фаундри, инвестиција вредна 15 милиони евра и компанија која се очекува да вработи околу 300 лица, официјално го означи својот старт во новата индустриска зона Неокази во Пробиштип
Леарницата на компанијата „Крaнфилд Фаундри“ во новата индустриска зона Неокази во Пробиштип официјално почнува со работа.
Во леарницата треба по европски еколошки стандарди и со високо-автоматизирана технологија да се леат делови за автомобилската индустрија.
Инвестицијата е околу 15 милиони евра, а се очекува етапно вработување на околу 300 лица. Во првата фаза е предвидено вработување на 150 лица, од кои 50 работни места се за лица со високо образование.
Леарницата се простира на површина од околу осум хектари, а се состои од производствен погон и административна зграда на вкупно 15 илјади метри квадратни.
Станете дел од тимот на Кранфилд Фаундри