Во текот на изминатиoт ден (15.05), на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје се случиле 11 сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, пет со телесни повреди и пет со материјална штета. При сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и девет лица се здобиле со лесни телесни повреди. 87 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така, исклучени се и 16 возачи, бидејќи осуммина го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, четворица го управувале возилото под дејство на алкохол и четворица биле возачи почетници. 21 возило се исклучени од сообраќај бидејќи 13 биле нерегистрирани, шест технички неисправни и две со претовар. Двајца возачи се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло, двајца не дале првенство на минување на пешаци, петмина неправилно се престроиле, еден неправилно престигнувал и седум не користеле заштитен шлем. Во однос на пешаците, санкционирани се 17 пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин и 33 кои поминале на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 84 мандатни платни налози, додека, исто така, 68 возила се подигнати со "Пајак".
Внимавајте Полицијата казнува !Вчера санкционирани 50 пешаци!
Aktualno
-
Швајцарија ќе дозволи возачите да користат технологија за самостојно возење во автомобилите од март
Од март 2025 година, на возачите ќе им биде дозволено да користат технологија за самостојно возење на швајцарските автопати и ќе смеат да го пуштат воланот. Сепак, тие мора да бидат подготвени да ја преземат контролата во секое време, велат од владата.
-
160 музеи во Виена се приспособени за лицата со посебни потреби
Во австрискиот главен град Виена беше претставена проширена верзија на „Инклузивен музејски водич“, обезбедувајќи сеопфатен преглед на музеите прилагодени за лицата со посебни потреби. Новото издание вклучува вкупно 160 музеи, што е значително зголемување во однос на претходната верзија, која содржеше 130 институции.
-
Алтернативни приходи за пензионери – како да се обезбеди стабилна старост?
Планирањето на финансиската иднина е предизвик за многу Македонци, особено во контекст на економската нестабилност и ограничените можности за штедење.
-
После нафтата, ова е најбараниот производ на светскиот пазар: Овие денови ја достигнува највисоката цена во последните 50 години
Дали знаевте дека секој ден во светот се пијат повеќе од две милијарди шолји кафе и дека овој број постојано расте од година во година? Или дека кафето, веднаш по нафтата, е производот со кој најмногу се тргува во светот?
-
Италија има најголем процент на лекари над 65 години во ЕУ
Италија има најголем процент на постари лекари од сите земји на ЕУ, со просечна возраст од 65 или повеќе години, а нивниот удел во вкупниот број медицински персонал е 26,7%, покажуваат податоците на европската статистичка агенција Евростат.
-
СНЕГ И ВО АПРИЛ?! Лa Ниња на најјако, можна продолжена зима: Студ и снежна покривка ќе имаме и во наредните месеци
Ладниот Метеоролошки феномен „Ла Ниња” моментално е со најсилен интензитет, и тоа ќе трае во следните 2 до 3 месеци со најголем интензитет, а овој ладен феномен ќе го има и во пролетните и летните месеци, па така да сето ова не би требало да дозволи да имаме екстремно топло лето, особено како минатото во 2024 година.