Стапката на сиромашни лица во Македонија изнесува 21.9 проценти
Државниот завод за статистика врз основа на податоците од Анкетата за приходите и условите за живеење, која се спроведува во согласност со препораките на Европската Унија, ги пресмета лаекенските индикатори за сиромаштија за 2018 година.
Основа за пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60% од медијалниот еквивалентен приход.
Според податоците, во 2018 година, стапката на сиромашни лица во Македонија изнесуваше 21.9%.
Анализирано по типови домаќинства, стапката на сиромаштијата на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2018 година е 22.0%.
Според најфреквентниот статус на економската активност, стапкатата на сиромашни вработени лица е 8.8%, додека стапката на сиромашни пензионери е 7.9%. Коефициентот на Џини (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 31.9%.