Убаво објаснување за животот во Австралија, системот кој функционира таму, најдовме на еден Македонски форум, па ви го пренесуваме:
“Сега има директен лет од Дубаи за Мелбурн, Сиднеј, Аделаид, Перт, не се оди веќе во Сингапур.
За топлото, па во Скопје е многу потопло летото него тука, таму кога ќе се вжешти асфалтот, зградите пекол на земјата, тука преку ден е топло ама навечер од морскиот/океанскиот ветер се освежува, се спие без клима, во Скопје тоа ми беше невозможно, плус кај да живееш во било кој град во Австралија за 15 минути си на плажа.
Системот е еден од најдобрите во светот после Шведска, лекувањето е беспари, школувањето до средно исто, државата нуди поволни кредити за факултетите кои треба да се отплатуваат од кога ќе се вработиш.
Државата дава на секој што не заработува над 300.000 во годината по 400 долари од дете помош (200 долари на две недели) еднократна помош од 7500 кога ќе се роди бебе, помош од 2500 за самохрани мајки.
Ако си невработен ќе земаш 1500 од државата (ова само ако си државјанин или на постојана виза) тие се доволно да преживееш меѓутоа не можеш на пример да земеш кредит за куќа ако не си вработен,за кола да купиш што е неопходна нема да можеш да купиш пример нова, со истите пари што ќе плаќаш кирија ќе си отплатуваш куќа.
Работник во фабрика зема сатница од најмалку 23-25 долара, се работи 8 саата смена и ако има можност за прекувремено првите три саата се плаќаат за саат, саат ипол (time and a half) после тоа дупла дневница, ако работиш сабота, недела дупла дневница, празници тродупла.
Законот е дека измеѓу една и друга смена мора да има најмалку 12 часа растојание, не се умира тука од работа.
Со платата од фабрика може да се живее комотно семејство од 4-5 члена и да се отплаќа кредит за куќа и да не ти фали ништо, мислам да се пребројуваш од четврток до четврток.
Двајца вработени веќе се живее ептен добро, ово зборам за од фабрика плати, што се рачуна за минималец, пример тука градежни работници земаат по 1500 неделна плата, ѓубретарџии земаат 45 долари на саат, во фабрика за рециклирање на ѓубре сатница е 75 долари.”