„Наместо прослава, почитување помеѓу шефовите, надредените и работниците, без мобинг и слични лоши појави преку цела година, а на крајот на годината за сите парична награда“, „Новогодишна прослава заради мотивација – НИКАКО. Мотивацијата е нешто на кое се работи секој ден. Дајте тринаесетта/четиринаесетта плата!“, „Подобро е тие пари да им се дадат на вработените.“
Во екот на предновогодишни забави, неформални дружби со колегите и празнична еуфорија, направивме анкета и ги прашавме корисниците на нашиот сајт „Дали ви е важно вашата компанија да организира новогодишна прослава за вработените?“.
Од коментарите и одговорите може јасно да видиме дека во работната средина на најголем дел од испитаниците прославата не е приоритет. Наместо прослава, вработените би избрале бонуси, парични награди, повисоки и редовни плати, поголема почит од претпоставените.
Има и такви кои како новогодишна награда, наместо прослава, го бараат она што и по закон им следува, а очигледно не им е исполнето – К15 или регресот за годишен одмор.
Само една третина (32%) се изјасниле дека им е важна прославата и дека таквото неформално дружење е мотивација за работниците.
На 30% им е сеедно дали ќе има прослава, се додека се ценети од претпоставените и имаат редовна плата.
Дури 38% се изјасниле дека прославата не им е важна. „Подобро е тие пари да им се дадат на вработените.“, „Наместо прослава, почитување помеѓу шефовите, надредените и работниците, без мобинг и слични лоши појави преку цела година, а на крајот на годината за сите парична награда“, „Новогодишна прослава заради мотивација – НИКАКО. Мотивацијата е нешто на кое се работи секој ден. Дајте тринаесетта/четиринаесетта плата!“ се дел од коментарите кои би сакале да стигнат до оние кои очигледно сеуште немаат слух за правата на своите вработени.
Во Новата година ви посакуваме да работите во комапнија во која ќе бидете почитувани, ценети и наградувани сите 12 месеци!
Среќни празници.