80 проценти од вработените во Чешка заработуваат од 613 до 2.056 евра
Според Чешката агенција за статистика (CZSO), стапката на невработеност во земјата е 2.2 проценти, што е за 0.1% повеќе во однос на истиот период минатата година.
Стапката на невработеност кај мажите е 1.8 проценти, а кај жените 2.7 проценти.
Податоците на Чешката агенција за статистика исто така покажаа дека во октомври 2019 година стапката на вработеност била 75.3 проценти, што претставува зголемување од 0.2% во однос на истиот период во 2018 година.
Инаку, стапката на невработеност во Чешка во вториот квартал од 2019 година изнесуваше 1.9 проценти што во тој период беше една од најниските стапки на невработеност во Европа.
Најновите податоци покажуваат дека просечната нето плата во Чешка во моментов изнесува 29.549 круни или 1.160 евра. Мажите во просек заработуваат по 31.909 круни или 1.249 евра, а жените по 26.887 круни или 1.052 евра.
Околу 80 проценти од вработените во Чешка заработуваат плати во интервал од 15.680 круни (613 евра) до 52.531 круни (2.056 евра).