Можат ли денеска, во вакви услови и со македонска плата, луѓето да си дозволат да купат нов стан?
Според неодамнешни податоци, само еден процент од граѓаните во земјава може да си дозволат да купат стан или викендичка, а што е со другото население? Да се купи стан во готово со штедење само од плата во Македонија е научна фантастика. Европејците тоа го можат, иако кај нив цената на станбениот квадрат е неколкукратно повисока. Но, кај нас работите стојат сосема поинаку.
Математиката базирана на официјални бројки од Државниот завод за статистика (ДЗС) покажува дека тукушто венчан млад брачен пар ќе има дете пред полнолетство кога ќе ги собере потребните пари за стан од 70-ина квадрати, под услов да има една плата од која ќе може да јаде, да пие, да плаќа сметки и да ги задоволува другите потреби и уште една во висина на републичката просечна, која ќе ја става на страна. Или, за да си купи стан од 70 квадрати во Скопје, едната плата во висина на просечната не треба да ја чепка цели 17 години.
Просечната цена на квадратен метар станбена површина во Скопје заедно со другите давачки надминува 1.000 евра. На жителите од другите градови во државата им е нешто полесно, зашто според ДЗС таму просечната цена на квадратот е околу 600 - 700 евра, па тие од една просечна републичка нето плата, без да се заглавуваат во банка, стан можат да си купат горе-долу за 12 години.
Целиот текст може да го прочитате на ЛИНКОТ