Вашите пораки од WhatsApp не се бришат трајно, бидејќи избришаните пораки можете да ги најдете повторно, без разлика дали користите iPhone или Android.
Всушност, постојат повеќе начини да ги пронајдете повторно.
Пораките може да се отстранат од поединечни и групни разговори, а таа опција е достапна на сите Android, iOS и Windows уреди. Кога ќе ја избришете пораката, ви стигнува известување кое вели „Оваа порака е избришана“.
Меѓутоа, пораките остануваат сочувани на вашиот телефон и можете да ги откриете со помош на WhatsApp резервните копии. Системот создава резервни копии од сите ваши пораки секое утро во 2ч., иако терминот за чување пораки може да се промени и да биде на неделно или месечно ниво.
За да ја прочитате избришаната порака, деинсталирајте ја апликацијата, а потоа повторно инсталирајте ја. Откако повторно ќе се најавите, ќе можете да ги вратите сите разговори и резервни копии.
Само изберете ја опцијата за обновување и ќе ви бидат вратени сите разговори, вклучувајќи ги и избришаните пораки кои ќе бидат прикажани како никогаш да не се избришани, пренесува „The Sun“.