Во денешно време процесот на барање работа може да биде доста конкурентен. Но, една работа може да ви помогне да се истакнете од толпата: вашиот личен бренд. Личниот бренд е начин да се промовирате себеси пред другите. Ова им помага на вашите потенцијални работодавачи да формираат мислење за вас и е одличен начин да им "паднете во око".
Без разлика дали штотуку сте дипломирале или сакате да промените работно место, овие совети се совршени за секој кој е во потрага по работа.
СТАНЕТЕ ВИДЛИВИ
Откако ќе имате идеја за вашиот личен бренд, не се плашете постојано да го промовирате. Што значи ова?
Започнете со креирање на профили на интернет, како што е LinkedIn, и стратешки создадете го вашиот профил. Нагласете ги вашите достигнувања, интереси и квалитети што сметате дека ве издвојуваат од другите. Придружете се на социјалните групи кои се релевантни за вашата кариера. Едноставно е – зголемете го вашето онлајн присуство.
ОБЛЕЧЕТЕ СЕ ЗА РАБОТАТА ШТО ЈА САКАТЕ
Можеби звучи клише, но ова навистина успева. Бидете сигурни да се претставите професионално, а тоа ја вклучува и облеката што ќе изберете да ја носите. Ова не значи секогаш да се појавувате во костум, но барем внимавајте тоа што го имате на себе да го рефлектира вашиот личен бренд.
Претставувањето себеси на угледен начин дефинитивно ќе ви помогне да се истакнете.
БИДЕТЕ СВОИ
Додека го создавате својот бренд не заборавајте да бидете свои. Профилот не треба да биде лажна слика за вашите достигнувања. Бидете скромни, но истовремено и горди на досегашните остварени успеси.
Вашиот личен бренд е збир на информации за тоа кои сте, но начинот на кој ќе го презентирате зависи само од вас.