Facebook објави дека оваа година планира да отвори илјада нови работни места во Велика Британија.
„Засилувањето“, меѓу другото, би требало да вклучи развој на алатки за отстранување на штетните интернет содржини.
Новите работни места ќе бидат отворени пред планираното отворање на новата канцеларија во Лондон во 2021 година, а со нив вкупниот број на Facebook работници на островот ќе се зголеми на 4.000.
Главниот град на Велика Британија е најголемиот инженерски центар на Facebook надвор од САД.
Според извештаите, повеќе од половина од нови работни места ќе бидат фокусирани на технологија, вклучувајќи софтверско инженерство, дизајн на производи и наука за податоци. Новите работници исто така ќе бидат вклучени во развој на WhatsApp апликацијата и Workplace.
Дел од новите работници би можеле да бидат ангажирани во Facebook тимот Communication integration, кој произведува алатки за откривање и отстранување на штетни содржини на платформите како што се Messenger, Instagram и WhatsApp.
Проширувањето на тимот временски се совпадна со напорите на Facebook да ја врати довербата на корисниците по скандалот со Cambridge Analytica.
Во 2018 година, компанијата се најде на удар од критики, откако беше откриено дека британската фирма за политичко советување Cambridge Analytica добила пристап до податоците на 87 милиони корисници без нивна дозвола.
Во јули, истата година, американската Федерална комисија за трговија (FTC) му изрече казна на Facebook од пет милијарди долари, бидејќи не успеа да ги заштити податоците на корисниците и поради кршење на правно обврзувачкиот договор со американската влада за заштита на приватноста.