Интервјуата за работа се одлична можност да ја споделите својата приказна и да го започнете наредното поглавје од вашата кариера.
За да поминете добро на интервјуто треба да инвестирате доволно време и енергија во подготовките. Не е доволно само да се појавите и да одговорите на прашањата. Големата конкуренција бара повеќе труд во тоа да пробате да се претставите себеси во најдобро светло.
"Покренав иницијатива за..."
Со ова покажувате дека сте доволно независни за да ги преземете работите во свои раце. За време на интервјуто дадете пример каде вие сте биле иницијатор за некоја работа. На овој начин ќе демонстрирате способност, креативност и посветеност.
"Уживав во соработката со моите колеги"
Многу е важно да нагласите дека сте тимски играч. Работодавачите сакаат да знаат дека покрај себе ќе имаат човек кој ќе биде доволно способен самостојно да ги извршува своите обврски, но истовремено и да се вклопи во тимските активности.
"Како резултат на..."
Како и во првиот случај, така и тука потребно е да презентирате ситуација каде некоја ваша активност имала позитивен исход врз целокупното работење на компанијата. Фокусирајте се на конкретен пример и покажете дека сте идеалниот кандидат за позицијата.