Да се размислува за бонтон на некои можеби им се чини како застарено, но во деловното опкружување манирите и пристојното однесување се мноу важни, а неретко имаат и значително влијание на текот на кариерата на поединецот.
Бизнисменот и колумниста Илуа Понзин на Линкедин наведе низа правила за однесување во деловното опкружување, за кои можеби не сте размислувале, но корисни се да ги земете во предвид.
Еве ги неговите совети:
1. Кога со некого прв пат се запознавате на некој состанок или деловно случување, претставете се со цело име и презиме. Ако се претставите само со името, другите потешко ќе ве запаметат.
2. Избегнувајте прекрстување на нозете за време на состанокот и разговорот со колегите. Тоа може на некого да му пречи и тој начин делувате премногу опуштено.
3. Немојте премногу да се заблагодарувате. Нормално, убаво е пристојно е да изразите благодарност, но кажувањето „благодарам“ премногу пати во текот на еден разговор на другата страна може да и делува одбивно и чудно.
4. Ако е можно јадете во кујната или надвор од канцеларијата. Вашите колеги сигурно дека нема да бидат воодушевени од мирисите и звуците на џвакање додека јадете до нив на работното биро.
5. Сте ги повикале соработниците или клиентите на вечера или пијалок? Бонтонот налага вие да ја платите сметката.
6. За време на состанокот и деловните ручеци отстранете ги своите лични работи од масата. Тука најпрво се мисли на телефонот, кој може да ви пречи на вас и вашите соработници.
7. Не претерувајте со прашања на состаноците, бидејќи со тоа го трошите туѓото време. Нормално, секогаш е пожелно да поставите неколку паметни прашања, но тоа не значи да поставите дваесетина прашања. Ако имате поголем број на прашања испратете дополнително преку меил.
8. Не им „влетувајте“ на луѓето ненајавени во канцеларија, бидејќи никогаш не можете да знаете колку работа има тоа лице. Задолжително претходно најавете ја вашата посета.
9. Во меил конверзациите користе ја опцијата „Одговори им на сите“, само кога е навистина потребно и важно. Во спротивно на луѓето само непотребно ќе им го трошите времето. Дополнителен совет е од конверзацијата да ги отстраните луѓето за кои не е потребно да учествуваат.