Можеби звучи едноставно, но давањето отказ и префрлувањето во нова фирма си носи одреден стрес. Не сите се спремни да ја напуштат својата комфорна зона и да се "нурнат" во непознатото.
Платата, колегите, шефот, обврските, динамиката на компанијата...се тоа си игра улога дали еден вработен ќе посака да го промени моменталното работно место. Некои се спремни да ризикуваат и лесно се решаваат на тој чекор, додека на некои им треба повеќе време и храброст.
Бидејќи оваа тема секогаш ќе биде актуелна, тимот на Vrabotuvanje.mk направи анкета и ги прашавме посетителите на нашиот сајт "Дали размислувате за промена на работата во Новата 2020 година?".
Најголем дел од коментарите беа согласни за причината поради која би го сториле тоа.
Би променил работа за повеќе пари, помалку работа и повеќе слободно време со фамилијата, вели еден.
Сакам да работам во фирма каде работникот ги користи условите што со закон му следуваат. Пауза од 30 минути, 40 работни часа неделно и слично, додава втор.
Според понудените одговори платата е пресудниот фактор за промена на работно место.
Останатите 8% не размислуваат да заминат од компанијата во која моментално се вработени, но имаше и такви кои одговориле:
Како да размислувам за промена на работата кога и така немам работа, вели еден.
Првиот чекор е секогаш најтежок, а во овој случај тоа е одлуката да се замине. Штом го сторите тоа вашиот животен пат добива нова насока. Направете храбар потег и голем кариерен пресврт. Погледнете ги сите активни огласи на Vrabotuvanje.mk и аплицирајте!
А дали пред да аплицирате се информирате за компанијата - огласувач и како? Го очекуваме вашиот одговор во најновата анкета: