Швајцарија е земја во која е најскапо да се живее, па следат Норвешка и Исланд на скалата на најскапи земји.
За рангирање биле земени во предвид цената на станирина, намирници, облека, такси, месечни сметки, интернет, транспорт и оброци во ресторани.
Меѓу првите десет на списокот составен од деловниот магазин CEOLOAD се Данска и Луксембург, но и Јапонија, Бахамите, Израел, Сингапур и Јужна Кореја.
Како мерило го земале Њујорк, кој е познат по скапиот живот и му дале индекс 100, што се покажало дека живеењето во Швајцарија, Норвешка и Исланд е поскапо од американскиот град.
Во Швајцарија највисоки цени има за намирници и оброци во рестораните, додека во однос на станарините се најде на четвртото место.
Од земјите на поранешна Југославија, Хрватска го зазела 53-то место, а пред неа е само Словенија, која е на 47-то место. Далеку над нив се Црна Гора на 90-то место, Босна и Херцеговина на 96-то, Србија на 98-мо, Македонија на 113-то и Косово на 124-то место.
Ирска го зазема 13-то место, Франција 14-то, САД 20-то, Австрија 21-во и Италија 28-мо.
Германија се наоѓа на 29-то место, Шпанија (44), Португалија (54) и Унгарија (77). Кина се најде на 80-то место, а Русија на 82-то место.
Земјите што се на дното на списокот, или каде животот е најевтин, се Пакистан, Авганистан, Индија, Сирија и Узбекистан.