Објавен јавниот повик за млади земјоделци
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) го објави јавниот повик за мерката 113 Поддршка за поттикнување на земјоделското производство, стои во соопштението.
Од 10 февруари до 3 март годинава сите млади земјоделци до 40 години ќе можат да поднесуваат барања за финансиска поддршка за поттикнување на земјоделското производство, а годинава оваа финансиска подршка е зголемена од 10.000 на 20.000 евра.
Условот за користење на финансиската поддршката е, корисниците да бидат запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства, носителот на земјоделското стопанство да нема повеќе од 40 години на денот на поднесување на барањето за поддршка, и земјоделското стопанство да не користело помош од мерката 112 Млади земјоделци. Со ваквиот критериум им се овозможува на сите оние кои не добиле финансиска помош од оваа мерка по претходниот повик, да можат сега да поднесат барања.
Финансиската поддршка до 20.000 евра е наменета за млади, невработени лица кои сакаат да инвестираат во изградба, доградба и опремување на објекти за преработка од сите земјоделски гранки.
За повеќе информации, кликнете тука.