Постојат компании коишто постојано бараат нови работници на кои им е овозможена работа од било која локација во светот. Сепак, 95% од работниците мора да ја пријават локацијата од каде ќе ја извршуваат работата. Тоа им овозможува на одбраната локација да можат да ја посетат канцеларијата поради деловни состаноци и да ја олеснат комуникацијата поради временската зона. Само 5% од работниците на далечина немаат обврска да пријавуваат локации.
Личноста која сака да се вработи на далечина мора да идентификува компании коишто се целосно “remote“, вели Бри Вејлер Реинолдс, менаџер за развој на кариера и тренер во компанијата за вработување Flex Jobs.
Таквите компании делуваат без физички канцеларии и седишта и се потпираат на пакет дигитални алати за соработка и комуникација.
Flex Jobs неодамна идентификуваше водечки компании во својата база на податоци коишто огласиле најмногу работи за работа од дома во 2019 година. Има од сите индустрии, а најзастапени се ИТ, пишување и уредување, управување со проекти, развој на софтвер и образование.
Ова се компаниите кои вработуваат луѓе кои можат да работат од било која локација во светот:
GitLab
GitLab е платформа за програмирање на отворен код (open-source). Се бараат менаџери за поддршка, потпретседател за инфраструктура, директор за глобален теренски маркетинг.
Welocalize
Компанијата нуди услуги за преведување на содржини, е – учење, веб содржини, кориснички интерфејс. Се бараат преведувачи.
Wikimedia Foundation
Непрофитна организација, којашто стои позади Wikipedia, има за цел да дистрибуира повеќејазична содржина ширум светот. Се бара: сениор софтверски инженер, сениор UKS дизајнер, директор на глобална различност, еднаквост и инклузија.
Toptal
Toptal ги поврзува компаниите со freelance софтверски програмери, дизајнери, финансиски експерти, менаџери на производ и менаџери на проекти. Се бара: сениор корпоративен советник, менаџер за производи за раст, бренд менаџер.
Zapier
Zapier нуди автоматизација на веб апликации за поврзување на апликации како Gmail, Salesforce, Evernote и поедноставување на процесот на работа и комуникација. Се бара: маркетинг менаџер, уметнички директор.
Coalition Tehnologies
Агенција за веб дизајн и онлајн маркетинг. Се бара: специјалист за маркетинг преку е – пошта, програмер за WordPress.