Основана во 2013 година, Фалкон Логистик е успешна македонска компанија која се занимава со давање на логистички услуги на домашни и странски компании. Со тим од 40 вработени и канцеларии во 14 градови низ Македонија, компанијата навистина ги поместува гранциите за квалитет во обезбедување на поштенски, курирски и логистички услуги. Станете и вие дел од приказната на Фалкон Логистик!
Заедно со својата сестринска компанија Викторија Шпед од Скопје, компанијата има годишен обрт од скоро 5 милиони евроа, а во портфолиото на Фалкон Логистик се наоѓаат едни од најголемите македонски, европски и светски брендови од областа на автоиндустријата, аутомотив секторот, конзумер електроникс, ИТ секторот и, секако, стоките за широка потрошувачка.
Раѓањето на Фалкон Логистик Курир
Чувствувајќи ја анемичноста во квалитетот на услугите во областа на поштенско-курирското работење (ненавремена достава, немање опција за квалитетно следење на пратките, а со самото тоа и намалена можност за планирање на активностите во рамки на својата компанија), притоа следејќи ги потребите на македонското стопанство, менаџментот на компанијата донесе одлука преку својата подружница Фалкон Логистик Курир да започне со давање поштенски, курирски и логистички услуги (чување, пакување, препакување, обележување), како и услуги на хибридна пошта со цел надминување на гореспоменатите проблеми.
За таа цел, компанијата разви сопствена апликација во која се интегрирани сите најсовремени методи на обележување и следење на пратки, воведе најсовремени техничко-технолошки стандарди за сортирање на пратки со што се постигна 100% прецизност во следење на пратките и секако 100% прецизност во планирањето на времето на патување, оптимизирање на трошоците и слично.
Канцеларии во 14 градови низ Македонија
Распространети со канцеларии во 14 градови низ целата територија на Македонија, компанијата располага со флота на возила од VW програмата (VW Caddy, VWUP!, VW Crafter), кои ги исполнуваат ЕУРО 6 стандардите на гасови и истите допринесуваат за минимално загадување на животната средина со што се воведува еден нов стандард во однос на границите за квалитетна и успешна достава. Возилата на компанијата се опремени со ГПС уреди, со што секој курир носи опрема преку која се евидентираат пратките онлајн и со самото тоа компанијата води евиденција на времето на превземање и достава на пратките.
Можност да ја започнеш твојата кариера во Falcon Logistic
Доколку сте заинтересирани за динамична работа во одлична работна атмосфера и компанија која ќе го цени, наградува и почитува вашиот труд, аплицирајте на отворените работни места во Falcon Logistic:
Курир со возило, нето плата: 18.000 денари
Курир со велосипед (електро тротинет), нето плата 20.000 денари