Се чувствувате како засекогаш да сте заробени во здодевната рутина од 08:00 до 16:00?
Лесно е да западнете во секојдневната рутина работа-дома, па потоа и во рутината по работното време, а тешко е да излезете од неа. Размислете добро што е тоа што ве запира и ви ја одвлекува енергијата и дали можете да примените некои од наредниве совети.
Ги знаете оние кои постојано се жалат колку им е тешко и како имаат полни раце работа дури и кога тоа не е така? Сигурно познавате некој таков, и да немате ингеренции да го избркате, барем избегнете го, не ги слушајте неговите лелекања и стоjте подалеку од ваквите.
Променете ги активностите
Нема да биде лесно на работа да го промените секторот, но доколку покажете дека сте успешни и на некое друго поле може и тоа да ви успее. Променете ја позицијата и активностите. Мотивирајте се за да успеете, посетете некоја забава, читајте, информирајте се, поврзете се – сето ова влијае на вашето расположение а воедно и на вашиот успех.
Изберете си учители
Изберете неколку учители од секторот со кој сакате да се занимавате. Натерајте ги да ви кажат што мислат тие за вашиот потег, придобијте ја нивната поддршка и научете нешто повеќе од нив.