Ако одговоривте со „ДА“, вие сте на патот кон успехот, иако можеби денес не ви изгледа така
Сите сакаме успех, но како да знаеме дали се движиме во правилната насока? Како да измериме колку до него ни останало и да знаеме дека не сме просечни? Обрнете им внимание на знаците кои укажуваат дека сте блиску…
1. Имате се помалку време
Првата работа која успехот ви ја одзема е времето. За успешните времето е голем комодитет. Затоа тие брзо учат да делегираат, организираат и да им даваат приоритет на важните нешта се со цел подобро да ги остварат своите цели.
2. Имате повеќе луѓе кои не ве сакаат
Луѓето кои не ве сакаат се одлични за вас и доколку ги немате тоа значи дека не сте на вистинскиот пат. Успехот ќе ви ја открие зависта во опкружувањето. Луѓето ве користат како огледало за мерење на своите постигнувања и маани. Луѓето кои не можат да го пронајдат својот идентитет ќе ве искористат како средство и простор за исфрлање на бесот и омразата.
3. Добивате понуди
Повеќе опции, повеќе можности. Тоа е патот кон успехот. Постои нешто атрактивно во успешните луѓе и другите тоа го забележуваат. Луѓето ќе започнат да ги воочуваат вашите способности дури кога ќе се издвоите од групата.
4. Се чувствувате исполнето
Горди сте и имате чувство дека вредите. Едноставно ќе забележите дека сте задоволни сами со себе, а тоа ќе го забележат и другите околу вас. Знаете дека ја правите вистинската работа.
5. Започнувате да и обрнувате внимание на конкуренцијата
Ова делува во две насоки. Конкуренцијата започнува да собира информации за вас и вие за неа. Може да ве искористи како репер за она што во моментот го работи, а започнува и полека да се плаши од вас, што значи дека вредите.
6. Добивате награди
Пари, слава, награди и повисока социјална класа, кога ќе увидите дека повеќе не сте таму каде што некогаш сте биле тоа значи дека се движите во вистинската насока. Признанието од другите или зголемувањето на платата, добивањето на награди се првите симптоми од успехот.
7. Започнувате да ја разбирате динамиката за давање и придонес во заедницата
Да се биде успешен не значи да се биде оној кој кочи, туку оној кој дава свое време, свои ресурси, пари и енергија за да придонесе во светот. Луѓето кои постигнале многу треба да даваат повеќе или барем да почнат да го учат тоа.
8. Градите подобри односи
Односите со другите ве дефинираат. Подобрите врски со другите ви помагаат да бидете исполнети и подобри на терен бидејќи ништо не ве оптеретува. Сфаќате дека ви останува се помалку време за пропаднати обиди и нетрпеливост и поотворени сте и поодлучни кон другите.
9. Автентични сте
Со успехот доаѓаат автентичноста и цврстината. Успехот може да ви помогне да ја откриете и да ја истакнете својата уникатност. Ќе ве охрабри да го следите своето срце и во тоа да најдете големо задоволство.