Многу луѓе не можат да им одолеат на доцните оброци, иако знаат дека поголемиот дел од храната во тој период не е добра за нашиот дигестивен систем, како и тоа дека метаболизмот тогаш е побавен.
Иако ниту еден експерт од областа на храната нема да ве советува да јадете во доцните часови, сепак постојат намирници кои нема да придонесат за да добиете вишок на килограми.
Листа на намирници кои се богати со протеини, имаат низок процент на шеќери и низок гликемиски индекс:
Сирење
Кога се препорачува да се јаде сирење навечер, се мисли на парче сирење, не килограм. Сирењето е богато со протеини, па нема да почувствувате глад се до наредниот ден. Препорака е да јадете сирење со низок процент на маснотии.
Јогурт
Научниците докажаа дека јогуртот е одлична замена за вечерната ужина. Полн е со протеини, не содржи многу масти и има многу малку шеќери. Додајте некое овошје со него за да добиете нешто повкусен оброк.
Грицки
Овде пред се мисли на грицки од цело зрно на житарици кои имаат малку калории.
Пуканки
Иако звучи изненадувачки, сепак пуканките се на листата на храната која е дозволена да се јаде навечер. Притоа, заборавете на пуканките кои се подготвуваат во микробранова печка, бидејќи тие се полни со масти.
Јајца
Јајцата се уште една опција за вечерна ужина. Едно јајце содржи само 75 калории, а содржи и многу протеини кои ќе ви бидат од корист.
Зеленчук
Зеленчукот е најдобар избор, бидејќи поголемиот дел од овошјето има високо ниво на гликемиски индекс. Подгответе целер или морков, а можете и да си направите салата од зеленчук по ваш избор.
Банана
Во однос на тоа дека бананите се висококалорични, тие содржат многу магнезиум, што ги прави одлична храна за опуштање. Бананата е богата и со мелатонин, кој, според некои истражувања, не прави поспани.