“Дојче Бан“ планира да вработи околу 25.000 нови работници во Германија!
Порталот “Билд“ пред извесно време објави дека најголем број работни места ќе се отворат за машиновозачи, диспечери и персонал за одржување на железничкиот сообраќај.
Покрај тоа, ќе бидат потребни и возачи на автобуси, службеници за сервисирање на железничките станици, ИТ експерти и инженери.
Минатата година компанијата вработи 24.000 нови вработени и отвори 8.000 нови работни места.
Стратегијата на најголемата железничка групација во Германија, “Дојче Бан“, е да вработи околу 100.000 луѓе во следните неколку години, пренесуваат германските медиуми.
Инаку, вкупниот број на вработени во “Дојче Бан“ изнесува 200.000.
Изминатата година “Дојче Бан“ регрутираше кадри во Шпанија и Романија, а годинава од компанијата одлучија да го прошират процесот на пронаоѓање кадар во уште четири други земји, меѓу кои Италија, Грција, Србија и Македонија.