Google изјави дека постои ризик за Huawei уредите доколку се симнуваат апликации како YouTube и Gmail.
Америка ја забрани соработката меѓу Huawei со другите американски компании. Тоа во превод значи дека сите идни уреди на компанијата нема да доаѓаат со Google сервисите. Значи во иднина нема да се користат апликации како Gmail, YouTube, Maps.
Ова е официјална изјава на Google:
Уредите на Huawei кои се претставени пред 16 мај 2019 година, се уште ќе добиваат update. Но, сите уреди кои биле претставени после овој датум или ќе бидат претставени во иднина, за жал нема да ги користат сервисите на Google. Исто така оваа комапнија ги советува корисниците да не симнуваат копии на апликации како YouTube и Gmail, бидејќи тие копии може да им наштетат на нивните уреди.