Авиокомпанијата Delta Air Lines е вистински пример за тоа како една компанија треба да се грижи и да ги почитува своите вработени.
Со џиновски букви “ВИ БЛАГОДАРИМЕ“ напишани на авионот “Ербас А321“ авиокомпанијата Delta Air Lines уште еднаш ја изрази својата благодарност до своите вработени за целокупниот успех што компаниајта го има постигнато денес.
Од далеку, гледачите ќе можат да прочитаат само “ви благодариме“, но доколку се погледне поблиску, секој што е вработен во компанијата ќе може да го прочита своето име кое е ситно испечатено на двете страни од авионот.
“Ербас А321“ вообичаено се користи за домашни летови со средна дестинација.
Делта не би била ништо без нашите 90.000 луѓе ширум светот и тие ги заслужуваат сите пофалби, напиша извршниот директор на Делта, Ед Бастијан, на својот профил на LinkedIn.
Инаку, ова е шеста година по ред компанијата да им исплати на вработените бонус во вредност повисока од 1 милијарда долари и овој бонус е само дел од финансиските награди кои ги добиваат вработените како резултат на добрите финансиски резултати.
Во просек, секој работник добил по 18.000 долари.
Со јавното покажување на благодарност, Делта се чини дека знае како да ги задржи своите вработени, но и да привлече нови таленти. И со дополнителниот приход, но и со јавната благодарност, таа прави многу повеќе од нејзините конкуренти Американ и Јунајтед.