Работодавците сè повеќе бараат вештини од потенцијалните работници што не можат да се стекнат со диплома од факултет или средно училиште, покажуваат резултатите од анализата на пазарот на труд, спроведена од LinkedIn, водечка деловна онлајн платформа.
Во 21 век, ера во која пазарот на трудот ќе се карактеризира со вештачка интелигенција и роботика, неконвенционални вештини како што се креативноста, убедувањето и емоционалната интелигенција, им даваат на компаниите дополнителна вредност што може да ги истакне на пазарот.
Креативноста е вештина што веќе втора година по ред е на врвот на “списокот со желби“ на работодавците на оваа платформа, затоа што водечките бизнисмени веруваат дека на нивните компании им требаат луѓе кои на креативен начин им приоѓаат на дневните предизвици.
“Креативноста на работниците им нуди на секоја компанија нова димензија, што на крајот ја подобрува нивната конкурентност на пазарот“,вели Шерил Палмер, основач на компанија за професионална ориентација, пренесува Investitor.
Ова се петте вештини кои ги бараат работодавците:
1.Креативност
2.Способност за убедување
3.Соработка и тимски дух
4.Способност за прилагодување
5.Емоционална интелигенција