Една третина од денот ни поминува на работа. Факт којшто само треба да ни покаже колку е важно како ги поминуваме тие часови и како тоа може да се одрази не само на професионалниот развој, туку и на квалитетот на приватниот живот.
Постојат одредени знаци што можат да ви помогнат да сфатите дека средината во којашто работите е “отровна“, но има и некои латентни сигнали за коишто ви треба малку повеќе време и умешност за да ги откриете.
Вработените немаат право на збор
Дали сте дел од работна средина во која шефот знае сè, а вработените се тука само да ги споредуваат наредбите без да имаат право да се побунат, да го кажат своето мислење или да се повикаат на претходното искуство? Доколку одговорот е потврден, тоа може да значи дека работите во “токсични“ услови.
Претпоставениот “сее“ страв кога поминува во ходник
Воопшто не е во ред да седите на работа и да се плашите дека ќе дојде претпоставениот и ќе почне со забелешки. Нормално е во секоја работа да има подеми и падови, но ако сте постојано во грч, тогаш тоа може да ве направи понервозни и тоа да влијае не само на продуктивноста, туку и на вашето здравје.
На сите сè им пречи
Негативниот став може да биде резултат на фрустрација или од работата или од незадоволство или проблеми што на некој од колегите му се случува во приватниот став. Најпрво, бидете умни и толерантни, па покажете разбирање и понудете помош. Но, ако тоа не престанува, туку само добива на интензитет, тогаш атмосферата станува непријатна и “токсична“.
На “неработниците“ никој ништо не им може
Секој кој доаѓа на работа, треба ревносно и посветено да си го завршува обврските. Понекогаш е нормално да затаи работата, но ако некој постојано “преспива“ на работа, бега од обврските и одговорностите, тоа не значи дека треба другите да го “вадат“. Ако има некој таков во вашата канцеларија, а претпоставениот не презема ништо, тогаш ситуацијата може да стане опасна.