
Министерството за труд и социјална политика ги повикува сите работодавачи и сите вработени строго да се придружуваат до мерките кои Владата на Република Македонија ги донесе за превенција од ширење на болеста Ковид-19 (корона вирус).
– Укажуваме дека согласно заклучоците, физичките и правните лица што не ги почитуваат и кои ги прекршуваат препораките ќе бидат казнети согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик. Секое непочитување на препораката за ослободување од работни обврски на еден од родителите на деца до 10 годишна возраст (или активно 4 одделение), хронично болни согласно препораките на Комисијата за заразни болести и бремени жени, да се пријави во Државниот инспекторат за труд на телефонскиот број 151 31, се вели во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.
Од МТСП апелираат сите граѓани да се придржуваат до препораките, бидејќи како што велат, само заеднички можеме да се заштитиме и да го заштитиме заедничкото здравје.