До нашата редакција стигна писмо од претпремач кој сакаше да ги сподели со сите вас своите проблеми во оваа вонредна состојба. Писмото ви го пренесуваме во целост:
Почитувани, јас сум еден од тие претприемачи кои деновиве ги плукате, колнете им се ситите и во буквална смисла на зборот ни посакувате да не снема.
Се чувствувам повикан за да ви се обратам, анонимно зошто не сакам моето име и името на моите деца да се најде во иста реченица со повик на линч.
Вонредна состојба е Свесен сум. И за мене и за моите вработени, и за тебе драг вработен во администрација и за тебе драга сопруго на вработен во МВР, и за тебе почитувана пензионерке и за тебе петооделенецу... Но дали вонрендната состојба значи дека за сите важат истите правила и препораки?
Не. Тоа е основното нешто кое прави раздор и повикување на првата реченица која ја споменав погоре.
Вонредната состојба вели седете си дома. Добро ете нека седат дома сите и ние и вработените. И ќе затвориме и нема да работиме. И ќе дојде 1 април. И ќе треба да се исплати плата. Од каде да ве прашам? Предвидувањата велат дека до јуни ке трае сево ова. Мојата дејност е продажна. Моите вработени имаат основна плата и плус процент од продажба. Ве прашувам вас од првата реченица на кои воопшто не ви е дојдено до купување на моите производи во оваа состојба како очекувате да ги исплатам моите вработени?
Мислите дека ми е лесно што 12 семејства на мојот грб? Јас за овие семејства се грижам повеќе од 10 години и на празници, и за боледувања и за свадби и за пензионирања. Јас како сопственик претприемач. И не, до сега не сум бил ставен во ваква ситуација без решение.
Дали треба да продолжам да го користам нивниот труд и да ги експлоатирам кога знам дека немам од каде да им дадам плата? Дали треба тие да седат дома и наспроти тоа што не работата да им дадам плата на први?
Како да се соземам себе си кога она што сум го градел ми се руши за 10 дена?
Ви се обраќам вам кој обвинувате зошто се отпуштаат работниците од приватните компании: Кажете ми кое според вас е логичното решение?
Стојам зад сите мерки и препораки и истите ги почитувам. А дали тие мене ме почитуваат?
Имате ли план за моите 12 вработени и уште 100 пати потолку минимум од другите компании кои ќе останат без работа во оваа вонредна состојба?
Имаме ли план и стратегија за економскиот крах кој ќе и се случи на државата?
Не било време ми рече некој. Да се прашува сега.
Добро. А кога ќе биде време? Што ако има доволно намирници во маркетите кога после 1 април луѓето што остнануваат без работа ќе нема со што да си ги купат. Оти немаат плата.
Барам од мое име и името на сите претприeмачи ПОМОГНЕТЕ НИ. Нам и на нашите вработени. Кажете како? Да земеме кредит од Банките за да им ги платиме платите? Koј ќе ни го врати? Да го храниме Банкарскиот сектор? Сега кога е најголема криза?
Ајде кажете, не сме ние виновни што работиме приватно и не смееме ние и нашите врабoтени во приватните компании да страдаме затоа што само тие што се на државна работа ќе си земат плата.
Побарајте ум од другите држави. Први април е близу, а и први мај. Плата треба да се дели.
Од каде?!