Каква е ситуацијата и економските мерки во Србија, Босна, Словенија, Хрватска, Албанија...
Владата на РСМ ги усвои предлог економските мерки за справување со последиците од Коронавирусот. Мерките предвидуваат директна финансиска поддршка на ликвидноста кај микро, мали и средни компании од страна на Развојната банка на Северна Македонија.
Секоја компанија, во зависност од бројот на вработени, ќе може да добие од 3 до 30 илјади евра бескаматен кредит.
Втората мерка се однесува на поддршка за компаниите во делот на исплатата на плати со субвенционирање на придонеси за вработените во компании од секторите туризам, транспорт, угостителство и други погодени компании, со субвенција на придонеси по вработен во висина до 50% од просечна плата исплатена во 2019 година.
Целосните мерки заедно со условите и повеќе детали можете да ги видите на ЛИНКОТ.
А како земјите од регионот се справуваат со кризата?
Словенечките работодавци кои ќе испраќаат вработени дома “на чекање“, како резултат на епидемија на коронавирус, ќе треба да им платат 80% од просечната плата во последните три месеци, а 40% од таа сума ќе ја обезбеди државата, предложи словенечката влада.
На надомест од 80% од просечната плата додека се дома имаат право и оние работници кои мораат да одат на изолација затоа што биле ставени во карантин, но во нивниот случај трошоците ги покрива државата. Ваквите олеснувања ќе им бидат дадени на работодавците кои заради падот на нарачките и производството, треба да испратат една третина од вработените или повеќе, но и малите и микро претпријатија со еден или неколку вработени во мирување.
Министерот за економија на Хрватска им порача на малите компании да не ги отпуштаат своите вработени. Хрватската Влада ќе обезбеди минимална плата за овие работници, а препорака до претприемачите е на минималецот да додадат дополнителен износ, дококу се во можност.
Тој најави дека во моментов, во процес на анализа и елаборирање е и предлог мерката за намалување на платите во јавниот сектор. На прашањето дали очекува некаков отпор, тој рече дека е сигурен дека граѓаните се свесни за ситуацијата во која Хрватска може да се најде ако кризата потрае три или четири месеци.
„Апелирам на одговорно однесување на сите поединечно и ги замолувам претприемачите првенствено да не отпуштаат работници“, рече министерот Хорват, додавајќи дека ова е само прва група мерки што треба да се надоградат.
Министерството за труд во Србија изјави дека, во случај вработениот да има симптоми на корона вирусот, работодавачот е должен да му исплати плата во висина од најмалку 65 проценти од неговата плата. Во случај на намалување на обемот на работа, вработените имаат право на надоместок од најмалку 60% од просечната плата, во текот на претходните 12 месеци, под услов овој износ да не биде помал од минималната плата. Министерството, исто така, соопшти дека работниците кои работат од дома, имаат право на плата согласно нивниот договор за работа, односно плата во полн износ кој го добивале пред вонредните околности.
Во Босна, на банките ќе им биде доделен мораториум од физички и правни лица, односно одложување на плаќање на заемот за најмалку три месеци. Банкарската агенција ФБиХ, во најкус можен рок, ќе одобри усвојување на подзаконски акти за поддршка на клучните мерки за ублажување на негативните ефекти од корона вирусот врз банкарскиот систем, граѓаните и економијата во Федерацијата на БиХ.
Деловниот сектор бара да се превземат поголеми еконосмки мерки, што бара сериозен финансиски капацитет од властите. Владата на ФБиХ на следната седница ќе опфати серија мерки за олеснување на деловното работење на деловните субјекти во овој тежок период.
Членовите на албанската Влада и пратениците ќе добиваат по половина од платата се додека не се заврши борбата против короната на вирусот. Денес, Албанската влада донесе план од седум точки за потребите за финансирање на оние сектори од економијата што се погодени поради драстичните мерки преземени против ширењето на корона вирусот.
Во рамки на тие мерки ќе бидат издвоени 370 милиони американски долари што ќе бидат наменети за помош на здравството, бизнисот и семејствата во социјален ризик. Преку инструментот суверена гаранција за компаниите кои имаат објективни потешкотии во плаќањето на платите на своите вработени, се издојуваат 100 милиони долари.
Трајно се бришат каматите за активните должници за потрошена електрична енергија, домаќинства и малиот бизнис, со финансиски ефект до 15 милијарди леки, или 150 милиони долари. Од оваа мерка ќе имаат корист 211.024 претплатници