Силен земјотрес изутринава го потресе Загреб. Земјотресот беше почувствуван и во другите делови на Хрватска. Јачината на земјотресот е 5,5 по Рихтер. По него, биле почувствуваа уште два земјотреса – едниот со јачина 5 и другиот 3,7
Паниката е на сите страни но пораката од надлежните е едноставна: Мораме да бидеме смирени
Сите ние треба да се смириме и да не шириме паника, а со тоа и инфекција со корона. Загреб се затресе, многу фасади беа уништени, паднати се фасадите , уништени се автомобили, делови на градот немаат електрична енергија.
Но, запомнете, ние сè уште имаме непријател кој е невидлив и опасен, а тоа е заразата.
Сега паниката е нашиот најголем непријател затоа што ќе ја рашири заразата, бегајќи безглаво од градовите, куќите и становите, ќе заборавите да ги исклучите гасот, електричната енергија, ќе го ставите шпоретот вклучен. Ова може да предизвика пожар, во кој луѓе ќе настрадаат.
Значи, ние мора да се смириме, да се осигураме дека се сме исклучиле, да ги имаме подготвено најосновните работи за да можеме ако треба да излеземе надвор и да поминеме некое време таму. На крајот на краиштата, земјотресот беше застрашувачки, но не и катастрофален, речиси без жртви. Во најголемиот дел од од градот има електрична енергија, вода има секаде, службите за итни случаи работат. Куќите и фасадите можат да бидат повторно изградени, здравјето и животот се неповратни.
Затоа, да се смириме, да земеме длабок здив и да дејствуваме рационално и да се заштитиме еден од друг.- Порачуваат надлежните
Во земјотресот Оштетени се 23 автомобили и 66 згради, критично е повреденото девојче (15) .
Тимот на Вработување чиј партнер е mojposao.hr од Загреб им ја дава целата поддршка да ги издржат овие тешки моменти.Со вас сме.Останете безбедни