Од вечерва во Македонија стапува на сила полициски час со што се забранува движење на населението во периодот од 21 до 06 часот
Полицискиот час не важи за здравствените работници, вработените во Армијата и МВР.
За останатите вработени кои е неопходно да бидат на работа за време на полицискиот час ќе им се издаваат пропусници од страна на самите компании.
Според министерот Филипче, на вработените во компаниите кои имаат таква потреба, самите компании ќе им издадат пропусници и согласно тие пропусници ќе може да се движат кон нивните работни места.
Министерот нагласи и дека меѓу оние кои со пропусница ќе може да се движат додека трае полицискиот час се и вработените во фирмите кои се занимаваат со дистрибуција.