Околу 900 милиони луѓе низ целиот свет се наоѓаат во своите домови во обид да се спречи понатамошно ширење на коронавирусот
Како резултат на новиот коронавирус досега починале повеќе од 14.500 луѓе, додека неколку милиони би можеле да останат без работа.
Францускиот печат објави дека од 900 милиони луѓе во 35 држави, 600 милиони се во задолжителен карантин, додека истанатите се доочуваат со ограничено движење, како што е полициски час или препораки да не излегуваат од дома.
Од Меѓународната организација за труд (МОТ) соопштија дека дури 25 милиони работни места се изложени на ризик доколку не се преземат соодветни мерки на глобално ниво.