НЛБ Банка ги известува своите клиенти дека согласно моменталната состојба на пандемија со Covid-19 ( Corona virus), Банката воведе привремени мерки за правните лица во насока на олеснување на нивното работење во ситуација кога се соочени со намален промет и приход.
За таа цел, привремено се укинува месечниот надомест за одржување на ПОС терминалната опрема на Банката кај трговците кои остваруваат месечен промет понизок од 20.000 МКД. Оваа мерка ќе ги опфати наплатите на месечни надоместоци почнуваќи од месец Март 2020.
Исто така, НЛБ Банка го одложува датумот на примена на одлуката донесена на 01.03.2020 год. за промена на провизиите за денарски платен промет за правни лица.
Овие мерки ќе важат до 31.05.2020, за што клиентите ќе бидат навремено информирани.