Хотелиерите ги очекува тешка туристичка сезона. Некои веќе затворија, а други функционираат, но со многу мал капацитет – наместо да се подготвуваат за пристугнувањето на првите групи туристи од Холандија, Белгија и Полска, хотелиерите размислуваат како да ги покријат тешките финансиски загуби поради прогласената пандемија.
Хотелските капацитет во Охрид и Струга се празни. Како што пренесува Алсат, вкупните финансиски загуби кои од Хотелската асоцијација на Македонија ги доставиле до Владата, а каде се потпишани вкупно 26 хотели од земјава, изнесуваат 373 милиони евра.
Според претседателот на ХОТАМ, Крсте Балжески, загубите се веќе огромни, а истите од ден во ден се очекува да растат – и најважно од се, никој не знае до кога сето ова ќе трае.
Многу тешка сезона не очекува. Оваа година не зборуваме ние за приходи и за добивки. Имаме ослободување во сетот на мерките од добивката, но тоа не не спасува, бидејки нема да имаме никакви добивки. Не е дека некој од хотелите ќе направи добивка. Сите сме во иста каша. Нема гости, затворени граници, нема авионски линии, вели Крсте Блажески за Алсат.
Како што Алсат веќе објави, хотелиерите бараат владата да излезе со посериозни сет мерки. Бараат наместо 50% ослободување од давачките кон државата,истите да бидат 100% за да можат да поделат плати и да се блокираат сите давачки кон банките најмалку до септември. Велат дека не ја исклучуваат можноста за отпуштања од работа, на дел од персоналот.