На 29 март во 2 часот наутро, започнува летното сметање на времето со што часовникот ќе се помести еден час напред на 3 часот.
Иако Европската Комисија предложи последното поместување на стрелките да се случи годинава, сепак Советот на министри за транспорт и телекомуникација изрази загриженост за подготвеноста на земјите членки да се прилагодат на новите услови во толку краток временски период по што повика на одложување на суспензијата за промена на времето.
По ова, постигнат е компромис новата директива да стапи на сила од 1 април, а последното менување на сказалките да се случи во март 2020 година.
Дотогаш, земјите членки треба да преговараат за временските зони и трајното прифаќање на летното или зимското сметање на времето.
Со оглед на моменталниот предизвик со кој се соочуваат европските земји, не треба да не изненади доколку и оваа година нема конкретен договор за тоа дали стрелките треба да се менуваат или не.
Промената на времето се сметаше за генерално корисно за заштеда на енергија во текот на летото, но очигледно сега има повеќе недостатоци отколку придобивки.
Летното сметање ќе заврши на 25 октомври во 3 часот, со поместување на стрелките еден час наназад.