Невработеноста во Норвешка моментално изнесува 10.9 проценти.
Агенцијата за труд и социјална политика на Норвешка соопшти дека во моментов стапката на невработеност е 10.9 проценти.
Од само 2.3 проценти во февруари, стапката на невработеност во земјата се зголеми за петпати овој месец, пренесува Ројтерс.
Причината за ваквата состојба е секако коронавирусот кој ги натера компаниите масовно да ги отпуштаат своите вработени.
Имено, десетици илјади отпуштања на работни места се најавуваат секојдневно, иако голем дел од отпуштањата се очекува да бидат привремени.
Нивото на невработеност во Норвешка не било толку високо од 1930 година.