Соопштение од АВРСМ:
Почитувани,
Следејќи ги насоките на Владата на Република Северна Македонија за спречување на ширењето на коронавирус инфекцијата, како општествено одговорна институција Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија ги известува сите невработени лица дека редовното пријавување во центрите за вработување е запрено, се до истекот на важење на донесените мерки за заштита од коронавирус инфекцијата, а истото ќе им биде оправдано.
Напоменуваме дека граѓаните имаат можност да ги користат електронските услуги на Агенцијата за вработување, кои се достапни на порталот uslugi.gov.mk, за издавање на:
- историјат на работни односи,
- извод од компјутерски запис - образец м1/м2 од пријава/одјава во задолжително социјално осигурување,
- потврда за неевидентирано лице,
- потврда за евидентирано друго лице кое бара работа и
- потврда за евидентирано невработено лице.
За сите дополнителни прашања, може да не контактирате на телефонскиот број (02) 3111850, електронскта пошта info@av.gov.mk, како и на нашата facebook страна.