Занаетчиската комора Скопје предлага во антикризни мерки за бизнис секторот да бидат предвидени и мерки за занаетчискиот сектор и тоа:
Почитувани занаетчии,
Занаетчиска комора Скопје достави нов предлог до Владата и Министерството за Економија можете да го проследите во продолжение:
Занаетчиската комора Скопје поднесе предлог антикризни мерки за занаетчии на 12.03.2020 година затоа што со оглед на општонастаната состојба со пандемијата од корона вирусот, сметаме дека на занаетчискиот сектор треба да му се помогне на различни начини за да се намали штетата во занаетчиството која е настаната поради намалување на побарувачката на занаетчиски производи и услуги на пазарот.
Особено на удар се услужните занаетчиски дејности, правни и физички лица кои вршат занаетчиска дејност (фризери, козметичари, маникир и педикир, масери) кои допрва ќе почувствуваат финансисиски потешкотии за да ги одржат бизнисите ликвидни затоа што функционирањето во услови на пандемија на заразна болест е невозможно.
Во најголем дел фризерските и козметичките салони занаетчиите ги затворија самоиницијативно затоа што услугата која ја нудат е од типот на личните услуги и е во непосреден контакт со клиентите, и функционирањето на овој тип на занаетчиска услуга е речиси и невозможна. Во иста ситуација е целиот занаетчиски сектор и тоа фотографи, слаткари, пекари, градежници, столари, автомеханичари, златари, и сите други занаети затоа што побарувачката на занаетчиски производи и услуги ја нема, и занаетчиите воопшто не остваруваат промет од почетокот на пандемијата со вирусот.
Во случај на превземени мерки на затварање на занаетчиските бизниси, неопходни се субвенции за придонеси и плати за месеците додека трае пандемијата на корона вирусот, за да ги задржиме занаетчиите и вработените во занаетчискиот сектор.
Занаетчиската комора Скопје предлага во антикризни мерки за бизнис секторот да бидат предвидени и мерки за занаетчискиот сектор и тоа:
- Ослободување или одложување на плаќањата на придонесите за вработените и самовработените во занаетчискиот сектор за време на траењето на пандемијата;
- Даночно ослободување по основ на данок на додадена вредност;
- Спречување на наплата на камата на доспеани а неподмирени побарувања по основ на плата и придонеси од страна на Управата за јавни приходи од 9 март 2020;
- Итно формирање на фондови за занаетчиство кои ќе бидат користени во случај на криза, пандемија на заразна болест, кои ќе ги користат занаетчиите со доказ дека претрпеле штета во работењето;
- Поволни кредитни линии и можност за репрограмирање на обврските кои би ги овозможиле институциите и банките;
- Мерки за зачувување на работните места во занаетчиството, со намалување на придонесите за вработените во занаетчискиот сектор, намалување на работното време за време на пандемијата од корона вирусот од 8 на 4 часа работно време;
- Вклучување на локалната самоуправа, градот Скопје и Општините со креирање на привремени мерки за ослободување од комунална такса за користење на јавни површини за занаетчии и комунална такса за фирма во периодот на почитување на мерките за спречување на ширење на корона вирусот.
Се надеваме дека предлозите на Занаетчиската комора Скопје ќе бидат земени во предвид со цел заштита на занаетчиството во услови на пандемија на вирус COVID-19.