Од утре може да се аплицира за првата линија бескаматни кредити за надминување на последиците од коронавирусот, соопштиja министерството з афинансии
Апликациите ќе одат преку Развојната банка на Република Северна Македонија, електронски – со доставување на потребните документи на kreditiranjecovid1@mbdp.com.mk
Рокот на отплата е до 2 години со вклучен грејс период од 6 месеци, начинот на отплата: квартално, каматната стапка 0% на годишно ниво,а износ на кредитот: до 30.000 евра – во зависност од големината на фирмата:
◾️ до 10 вработени до 307.500 денари;
◾️ 11 до 50 вработени до 922.500 денари;
◾️ 51 до 250 вработени до 1.845.000 денари.
Услови и потребни документи на следниот линк https://www.mbdp.com.mk/mk/vesti/596-1-2