Повик до сите со Цнц машини да учествуваат во изработка на Визири заштитници за Медицински персонал и нивната заштита во борбата против Корона вирусот.
Апел за донации на материјали за Визир заштитници од Хуманитарни акции и Студио со цнц и ласер од Скопје. Со оглед на тоа што сме во трка со времето,а принтањето на штитови оди бавно, синоќа во соработка со 3д пунктот во Прилеп сработивме дизајн на обрач кој ја има истата функционалност како принтаниот, а е модифициран да може да се сече на ЦНЦ машина. Денеска сработивме прототип и уште 17 маски со материјали кои ги имавме на лагер, штитовите се веќе донирани. Има заинтересираност на соработници од Прилеп, Охрид и Скопје. Процесот на изработка на една маска е 3 минути (сечењето 1 + составување 2 ). Материјал за 3д принтовите имаме повеќе од доволно. Набавивме материјал овој тип на штитови за утрешниот ден. Се надеваме на производство на 300.
За повеќе Визири да направиме ( заштитници ) ни требаат следниве материјали: форекс 10мм , како најсоодветен и еластичен за рамките. Вералитот од 0.5 или 0.7 или 0.6 за визирите. И ластик широчина 2цм.
Работилницата ни е во Скопје. Контакт мобилен 078545313 . /
Материјалите може да се купат во сите складови за рекламни материјали : geko Skopje, image internacional Skopje, mikro asu, liting i sl. Приоритет даваме на медицинскиот персонал и сите што работат директно со народ. Споделете го линкот на вашите страни и профили. Благодариме
ВО ВОНРЕДНА ОДГОВОРНИ