Оние пензионери кои својата пензија ја примаат на трансакциска сметка, ќе добијат дополнителна можност за дозволено пречекорување во висина до 3 пензии
Почитувани клиенти,
Сите приматели на пензии кои својата пензија ја примаат од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување преку Еуростандард Банка, ќе добијат исплата на пензиите на 27-март (петок). Оние пензионери кои својата пензија ја примаат на трансакциска сметка, ќе добијат дополнителна можност за дозволено пречекорување во висина до 3 пензии. Корисниците на дебитни картички пензиите ќе можат да ги подигнат на банкомати на Банката и на банкомати на сите други банки без провизија.
Пензионерите кои не се корисници на дебитни картички апелираме при подигање на пензијата да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка за полесно располагање со средствата во претстојниот период.
Оние пензионери кои ја добиваат пензијата во својот дом, Еуростандард Банка ги известува дека ќе им биде врачена исто така на 27-март.
За Ваша поголема заштита, овој период ќе Ве замолиме да се насочите кон плаќања преку Вашите картички и електронско банкарство, и што е можно помала употреба на готовина.
Со почит,
ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД СКОПЈЕ